Нафиу за голот со Тотенхем: Ниту јас не верував дека топката е во голот, Сон ми честиташе

За официјалната интернет страница на Шкендија, интервју даде Ваљмир Нафиу, стрелецот на единствениот гол во дуелот со Тотенхем, и тоа оној прекрасниот погодок со кој ја заби топката под пречката на Харт.

Тој објасни за голот, како и за другарувањето со Сон од Тотенхем, со кого биле заедно во времето на Хамбургер.

„Тоа беше за нас едно големо искуство. Да се игра против толку голем тим како Тотенхем само дава дополнителен мотив. Меч за уживање“, рече Нафиу и додава:

„Голот против еден таков голем тим беше специјален момент за мене. Ниту јас не верував дека топката е влезена во голот. Ниту моите соиграчи не можеа да веруваат за голот. Момент кој ќе го паметам цел живот“, рече Нафиу.

Тој бил дел Хамбургер заедно со Сон од Тотенхем, а после мечот разговарале.

„Да, се познаваме со Сон од времето на Хамбургер. Бевме заедно три години во овој тим. Ми честиташе за голот. Ми рече дека сум дал супер гол“, вели Нафиу.

InterServer Web Hosting and VPS