Од почетокот на учебната година во Бугарија повеќе од 100 ученици и деца заразени со Ковид-19

Бројот на новозаболени од коронавирус во Бугарија е зголемен во претходните 24 часа за 276, на вкупно 20.547.

Во текот на денот тестирани се 4.736 лица, јави БТА.

Во болниците има 814 пациенти, а 44 се на одделенијата за интензивна нега.

Вкупниот број смртни случаи од коронавирус е 813.

Од почетокот на учебната година во Бугарија 110 ученици и деца од градинки или 0,01 проценти се позитивни на коронавирусот, покажаа податоците на регионалните оддели за образование, соопшти денеска Министерството за образование.

74 наставници или 0,08 проценти се позитивни на Ковид-19, а уште 140 се во карантин, објави БТА.

Во карантин се вкупно 201 одделение, кои преминаа на онлајн-настава.

InterServer Web Hosting and VPS