Не наседнувајте на завери: Еве кои ВИТАМИНИ морате да ги внесувате!

Храната што најчесто се конзумира во постудени денови, од есен до пролет, е значително потешка и нездрава отколку во потоплите делови од годината, пред се затоа што не обрнуваме внимание на разновидноста на храната.

Цитруси

Портокалите, грејпфрутот и лимонот се богати со витамин Ц, корисни за кожата и метаболизмот и помагаат во борбата против вирусот. Влакната што ги содржат помагаат во контролата на холестеролот.

Лук

Покрај подобрувањето на вкусот на храната и одржувањето на телесната топлина, лукот првенствено има антибактериско и антивирусно дејство, кое помага во борбата против разни зимски болести.

Зеленчук

Морковот, цвеклото и компирот не само што се хранливи, туку изобилуваат и во текот на зимата, а исто така се и свежи. Морковот е богат со витамин А, корисен за кожата, а помага и во борбата против настинки и инфекции.

Спанаќ

Спанаќ и сличен зеленчук се важен дел од исхраната во текот на зимата. Самиот спанаќ е моќен антиоксиданс кој содржи големи количини на витамини А и Ц. Добар е за здравјето на косата и кожата, а богат е и со железо, протеини и минерали.

InterServer Web Hosting and VPS