Ристовски е отстранет од првиот тим на Спортинг, влегол во војна со тренерот

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски влезе во кавга со тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, отстранет е од првиот тим и најверојатно ќе го напушти клубот до крајот на преодниот рок.

Според португалскиот медиум „О Жого“, тренерот Рубен Аморим не бил задоволен од залагањето на тренинзите на Стефан Ристовски и затоа не го ставил во составот за претходните средби.

Ристовски незадоволен од таквата одлука, бурно реагирал по што бил отстранет од тимот и деновиве сам тренирал.

Раководството на Спортинг Лисабон му дало поддршка на тренерот Аморим и сега бараат клуб кој ќе го купи Ристовски до крајот на преодниот рок кој истекува во пенделник.

Ристовски претходно се поврзуваше со клубови од Бундеслигата и Серија А, а има шпекулации и за интерес од Бешикташ и Ваљадолид.

InterServer Web Hosting and VPS