Lenovo го објави првиот лаптоп на преклоп – ThinkPad X1 Fold (ВИДЕО)

Lenovo уште во мај 2019. година прв пат ги спомена плановите за креирање на thinkPad X1 лаптопот флексибилен екран, за потоа уредот да го прикаже на CES саемот на почетокот на оваа година. Лаптопот пристигнува со 13,3-инчен 4:3 2048 x 1536 OLED екран, овозможувајќи два 9.6-инчни 3:2 дисплеја кога ќе се свитка.

Lenovo потврди дека ThinkPad X1 Fold користи Intel Lakefield чипови, со Hybrid технологијата на компанијата. Тоа значи дека едно големо и четиир мали јадра, применувајќи ја архитектурата слична на big.LITTLE за ARM.

ThinkPad X1 Fold има 8GB LPDDR4X 4267MHz меморија, USB 3.1 Gen 1 Type-C порт, USB 3.1 Gen 2 Type-C порт и тежок е 999 грама. Покрај наведеното, присутна е и опционална 5G поддршка.

Lenovo се уште не го објави датумот на продажба на ThinkPad X1 Fold лаптопот, иако од денеска е достапен во претпродажба. Почетната цена на уредот изнесува 2499 долари, а повеќе детали за лаптопот се достапни на сајтот на Lenovo.

InterServer Web Hosting and VPS