ОФИЦИЈАЛНО: Рубен Диас е новиот дефанзивец на Манчестер Сити

Манчестер Сити доцна синоќа и официјално го престави 23-годишниот дефанзивец Рубен Диас од Бенфика како ново засилување на тимот. Диас се сели на „Етихад“ со шестгодишна зделка вредна околу 65 милиони фунти.

Аргентинскиот централен бек Никола Отаменди, според договорот меѓу двата клуба, во сосема друга зделка се пресели во Бенфика за сума од 13,7 милиони фунти.

Диас станува третото значајно летно засилување за Сити под водство на Пеп Гвардиола, по доаѓањето на дефанзивецот Нејтан Аке и напаѓачот Феран Торес.

InterServer Web Hosting and VPS