Мурињо и Лампард имаа жесток дуел крај аут линијата, познато е и што си кажале (ВИДЕО)

Во текот на првото полувреме од мечот меѓу Тотнем и Челси, тренерите Жозе Мурињо и Френк Лампард влегоа во жестока расправија.

Лампард беше еден од клучните фудбалери на Мурињо во славните денови на Португалецот во Челси, но љубовта меѓу нив за момент беше тргната на страна.

Жарот кој го носеше дербито допринесе и за нивни жесток дуел крај аут линијата.

Англиските медиуми пишуваат дека Мурињо му рекол на Лампард: „Кога губиш со 3-0 не си вака гласен“, а тој му вратил: „Седи и молчи“.

Кога заврши мечот тие повторно беа во прегратка ставајќи дознаење дека жестоката расправа е нешто нормално при еден ваков тензичен дуел.

InterServer Web Hosting and VPS