Вицепремиерот Николовски ќе контролира дали министрите го спроведуваат етичкиот кодекс

На денешната седница, на предлог на премиерот Зоран Заев, владата го назначи вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски за следење и спроведување на новиот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата.

Во рамки на оваа точка, соопштија денеска од владината прес-служба, министрите потпишаа Изјава за прифаќање на одредбите од новиот Кодекс за етичко однесување за членовите на владата и носителите на јавни функции именувани од владата.

InterServer Web Hosting and VPS