Јовиќ пред заминување во Италија, Рома фаворит пред миланските клубови

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид. Тој се очекува да замине во Серија А на позајмица.

Мадридскиот клуб е подготвен да го ослободи Србинот оваа недела. Одлука ја одобри главниот тренер на тимот Зинедин Зидан.

Најсериозен интерес за Јовиќ покажува Рома, тие се фаворити во борбата за неговиот потпис, бидејќи му е загарантирана голема минутажа.

Исто така, Реал има понуди за Јовиќ од Интер и Милан.

InterServer Web Hosting and VPS