Вардар ќе има осминафинална пресметка против „пандевци“, Шкендија ќе го пречека Гостивар

Вардар со судни маки се пласираше во осминафиналето на Купот откако во пенал рулетот го совлада Вардар Форино, а во наредната рунда, актуелниот македонски фудбалски шампион ќе игра дерби против тим од Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено – црните“ ја добија за противник Академија Пандев во осминафиналето и ќе играат на гостински терен, а извршената ждрепка посака Шкендија да ги одмери силите со Гостивар во Тетово.

Прволигашка пресметка ќе има и во Струга, каде Струга Трим Лум ќе го пречека Работнички, како и онаа меѓу Ренова и Пелистер во Тетово.

Како што е предвидено, ќе се игра само по еден натпревар во осминафиналната рунда, која е закажана за 21-ви октомври.

Академија Пандев – Вардар

Македонија ЃП – Каменица Саса

Шкендија – Гостивар

Шкупи – Кит Го

Кожуф – Силекс

Струга ТЛ – Работнички

Брегалница – Беласица

Ренова – Пелистер

InterServer Web Hosting and VPS