Форма која ќе дојде: Honda e:concept

Јапонскиот производител се обидува да ги достигне автомобилските компании кои со години имаат еден или повеќе електрични модели, во време на голема експанзија на електричните автомобили низ целиот свет.

За разлика од Nissan, кој веќе една деценија успешно го продава електричниот модел Leaf, другите јапонски производители, вклучувајќи ја и Honda, како малку да подзаспаа.

Дури оваа година, Honda го лансираше првиот сериски електричен модел, градскиот модел „е“, за сега да го претстави и концептот за првиот електричен SUV модел.

E:concept кој дебитира во Пекинг, исто така ја покажува насоката во која ќе се движи јапонскиот производител во иднина, велат во таа компанија.

Кога ќе се појави производствената верзија на овој автомобил (Honda не го прецизира датумот), овој теренец за клиенти ќе се бори на пазарот со модели како што се Nissan Ariya и Tesla Model Y, но и многу други чии премиери се веќе најавени.

Технички детали и спецификации за Honda E:concept не се објавени.

InterServer Web Hosting and VPS