За 24 часа регистрирани 593 прекршоци за неносење маска за лице

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице се регистрирани 593 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

МВР и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19. Казната за непочитување на протоколот и мерките за носење заштитна маска изнесува 20 евра.

InterServer Web Hosting and VPS