Seagate подготвува најголем хард диск со нова технологија на запишување податоци

Seagate овој чудовишен диск ќе го лансира во рамките на серијата Exos 20+, а се шпекулира дека во истата серија би требало да се појават и дискови со уште поголем капацитет.

Во светот на компјутерите една работа е сигурна – никогаш нема доволно место за складирање податоци. Без оглед на тоа како и колку го користите компјутерот, не е лошо да се има некој гигабајт простор повеќе. Некои проблемот на недостаток на простор го решаваат со бришење на непотребните фајлови, а други со надворешни дополнителни простори за складирање (екстерни дискови или облак).

Но, во Seagate подготвуваат нов хард диск што би требало да биде претставен во декември, а кој би требало да ги воодушеви сите оние на кои хронично им недостасува простор за податоци. Се работи за првиот тврд диск што ја користи технологијата HAMR (heat-assisted magnetic recording, односно магнетско запишување со помош на топлина) и кој благодарение на тоа ќе има капацитет од неверојатни 20 TB.

HAMR технологијата функционира така што тврдиот диск привремено ги загрева материјалите од кои се направени дисковите, што ги прави поподложни на магнетскиот механизам во рамките на самиот диск. Тоа го олеснува запишувањето на податоците на помали простори на дискот, односно овозможува погусти записи, а со тоа и поголем капацитет.

Seagate ќе го лансира огромнуит диск во рамките на серијата Exos 20+, а се шпекулира дека во истата серија би требало да се појават и дискови со уште поголем капацитет. Од Seagate не сакаа да откријат некои конкретни детали за самиот диск, но во јавноста протече информација дека дисковите ќе трошат помалку од 12W струја, а според моментно достапните податоци ќе ги запишуваат и читаат податоците со брзина поголема од 261 MB/s.

InterServer Web Hosting and VPS