УЕФА одлучи: Натпреварот Арарат – Ц. Звезда ќе се игра во Ерменија, иако таму има војна!

Она што се насетуваше доцна синоќа, а посебно по изјавата на првиот човек на Ц. Звезда Ѕвездан Терзиќ, денеска и се оствари. УЕФА одлучи натпреварот од плеј – офот во Лигата на Европа меѓу Арарат и белградските “црвено – бели“, да се одигра во Еревен, во, со војна зафатената Ерменија.

Се претпоставува дека ерменските власти дале гаранции дека сепак и покрај проблемите овој натпревар би можел да се игра во главниот град на таа земја.

Секако дека се очекува само официјална потврда од Нион, иако одлуката е веќе донесена. Да потсетиме дека мечот е закажан за во четврток со почеток од 16 часот.

InterServer Web Hosting and VPS