Курти: Во Вашингтон беше создадена „Четврта Југославија“

Поранешниот косовски премиер и лидер на движењето Самоопределување Аљбин Курти му даде ново име на договорот постигнат во Белата куќа меѓу Србија и Косово на 4 септември.

Тој го нарече „договорот со кој се создава четврта Југославија“, пренесуваат косовските медиуми.

Додаде дека таа нова Југославија се создава преку областа „мини Шенген“ која на Србија ќе ѝ овозможи економска хегемонија над Албанците на Косово и во Албанија.

„Косовските Албанци и Албанците во таа „Четврта Југославија“ ќе бидат само потрошувачи на српската стока и ќе се надеваат дека ќе ги добијат патарините од српските камиони. Затоа што нашите произведувачи ќе останат незаштитени“, кажа Курти.

Според него косовскиот премиер Авдулах Хоти ги потпишал најголемите отстапки кои Косово ги направило пред Србија од повоениот период.

„Србија се избори за целосна рехабилитација пред светот. Со децении српскиот претседател не одеше во Белата куќа“, кажа Курти.

„Авдулах Хоти ги понижува меѓународната позиција и статусот на нашата земја“, заклучи Курти.

InterServer Web Hosting and VPS