Србинка заврши во притвор со новороденчето

Триесет и седумгодишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска банда од 30 члена. Истрагата за групата која била предводена од 37-годишната Србинка започнала пред два месеца, пишуваат медиумите.

Причина за покренување истрага бил пожар во куќа во местото Оливела, Барселона. Причината за пожарот биле нелегални електрични инсталации кои, како што било откриено, снабдувале насади со марихуана.

Наскоро било утврдено дека куќата, како и другите на периферијата на Барселона, ја изнајмила родилката од Србија со нејзиниот партнер. Во изнајмените куќи, како што било откриено понатаму, Србинката направила цела мрежа на лаборатории (или плантажи) во кои одгледувала марихуана.

Извршени биле 19 претреси при што се запленети 12.600 растенија.

Работниците на насадите биле претежно српски државјани. Повремено таа носела нови работници, а старите ги враќала во Србија за да не предизвика сомнеж. Дел од нив имале лажни хрватски и словенечки пасоши.

InterServer Web Hosting and VPS