Бугарија очекува зголемен број на заразени во зимскиот период

Во септември ширењето на вирусот во Бугарија падна на едно од најниските нивоа во Европската унија. Ова доведе до занемарување на мерките. Маските се покажаа ефикасни. Нема научен напис против нив. Со доаѓањето на зимските месеци се очекува зголемување на бројот на заразени лица во земјата, изјави за Нова ТВ директорот на Националниот центар за инфективни и паразитски болести, проф. Тодор Кантарџиев.

Тој додаде дека границата е 25 заразени на 100.000 лица и таа не треба да биде надмината.

Според него, мерките за пазарување во маркетите најмногу се почитуваат во Софија.

Во однос на работата на Националниот оперативен штаб во последните месеци рече дека тој работи активно, без прекин.

НАШИТЕ ЗАЛОЖБИ СЕ ДА ДАДЕМЕ ПРЕДЛОЗИ ЗАСНОВАНИ ВРЗ НАУЧНА АНАЛИЗА. ДЕНЕСКА СИТЕ ДИРЕКТОРИ НА РЗИ ЌЕ ДОБИЈАТ ВРЕДНОСНИ ПРАГОВИ ШТО МОРА ДА ГИ ВКЛУЧАТ СО ВНИМАНИЕ, РЕЧЕ КАНТАРЏИЕВ.

Специјалистот објасни дека ако се држи дистанца можноста за заразување е помала. Во рестораните, како што рече, тоа е значително повисоко.

ЛУЃЕТО ПОСТАРИ ОД 65 ГОДИНИ, ОНИЕ СО ХРОНИЧНИ ЗАБОЛУВАЊА И ПАЦИЕНТИ СО КАРЦИНОМ СЕ НАЈРАНЛИВИ И ТРЕБА ДА БИДАТ ПОВНИМАТЕЛНИ, ДОДАДЕ ПРОФ. КАНТАРЏИЕВ.

InterServer Web Hosting and VPS