Дезинфекциони пумпи за сите училишта во Oпштина Карпош

За уште поголема хигиена и редовна дезинфекција на основните училишта, Општина Карпош им додели дезинфекциони пумпи на сите десет образовни установи. Имено, со овие пумпи, на побрз и поедноставен начин, ќе може да се дезинфицираат училниците, холовите, тоалетите и административните простории.

Денеска, комуналните служби на Општина Карпош имаа и кратка обука со претставниците од училиштата, за правилно користење на пумпите.

„Сите основни училишта веќе ги спроведоа заштитните протоколи за почеток на учебната година. Направена е дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Истакнати се упатства со мерките за заштита од Ковид – 19, а адаптирани се и повеќе училници за настава според новите правила. Локалната самоуправа обезбеди и ИТ опрема (компјутери, слушалки и камери) за наставниот кадар, со цел непречено да се одвива онлајн наставата преку Националната платформа“, соопштија од Општина Карпош.

InterServer Web Hosting and VPS