Багери, машини и камиони ширум Македонија: ФФМ започна да гради и во Струмица

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Hat Trick III“ програмата за подобрување на фудбалска инфраструктура започна со изградба на терен со вештачка трева (без полнење со вештачка гума) од најновите типови за ФК Академија Пандев. ФФМ претходно потпиша договор со Општина Струмица и клубот Академија Пандев за целосна изградба на терен со вештачка трева, како дел од фудбалскиот комплекс во градот Струмица.

–Сите ние сме исклучително благодарни за посветеноста на Горан Пандев кон македонскиот фудбал, како и неговото вложување во младите таленти, академијата и придонесот во развојот на нашиот фудбал. Изградбата на терен со вештачка трева за потребите на Академија Пандев е еден вид признание од соработниците и институцијата која го води нашиот фудбал кон тоа што Горан и Академија Пандев инфарструктурно го изградија во Струмица.

Инвестициите од овој тип се клучни за развојот на фудбалот, а ние во Фудбалската федерација на Македонија сме подготвени позитивните искуства да ги претвориме во долгорочна соработка со сите поврзани субјекти, во правец на создавање на услови за развој на фудбалот, почнувајќи од најмладите категории, па сѐ до професионалниот фудбал, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

Во изминатиот период, Фудбалската федерација на Македонија со средства од “Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше поставувањето на целосно нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнувањена стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, а исто така, постави и целосно ново рефлекторско осветлување.

InterServer Web Hosting and VPS