Бајрами: Тажен сум поради отказот, па ние сме на чекор од врвот…

Сега веќе екс тренерот на тимот на Шкупи, Муарем Бајрами излезе со изјава во која е изненаден од фактот што од денеска не е повеќе тренер на тимот од Чаир, но дека одлуката за негова смена ја прифаќа најпрофесионално.

„Би сакал на јавноста да и потврдам дека од денеска повеќе не сум тренер на тимот на Шкупи. Би сакал да му за заблагодарам на ФК Шкупи како колектив, за дадената доверба, а особено на навивачите, „Шверцерите“ кои секогаш даваат голема подршка, како и на сите оние кои работат за доброто на клубот. Искрено, изненаден сум од фактот што ми е врачен отказ од страна на претседателот на клубот, затоа што сметав дека тимот во моментов резултатски стои одлично и сме на самиот врв на табелата. Искрено жал ми е што не сум повеќе тренер на Шкупи, но одлуката ќе ја прифатам најпрофесионално. На Шкупи му посакувам многу успех понатаму“ – истакнува Бајрами.

InterServer Web Hosting and VPS