Lamborghini подготви специјален Graphite Capsule пакет за моќниот Urus

Lamborghini на купувачите сега им нуди уште повеќе можности за персонализација со новиот Graphite Capsule пакет.

Моќниот Urus сега можете да го нарачате со специјалниот Graphite Capsule пакет – и можете да го одбиете во една од четири нови мат бои. Достапни се Bianco Monocerus, Nero Noctis, Grigio Nimbus и Grigio Keres. Тие бои се комбинираат со една од четири акцентни бои – Arancio Leonis, Arancio Dryope, Giallo Taurus и Verde Scandal. Овие бои се наменети да ги истакнат деталите и линиите на Urus, како и специјалните, 23-инчни тркала.

И кабината добива интересен третман – препознаваме детали од алуминиум, мат-карбон на централната конзола, но и специјални шевови, специјални алкантара седишта и многу, многу повеќе.

„Дизајнот на Lamborghini Urus, како и нашата ДНК на спортски автомобили на купувачите им нудат скоро неограничени можности за персонализација, а Urus Graphite Capsule е најновата колекција која на нашите купувачи им нуди можност да остават личен отпечаток на своето Lamborghini.“ – изјави Giovanni Perosino од Lamborghini.

InterServer Web Hosting and VPS