Додека Гвинет Палтроу позира како од мајка родена на својот 48-ми роденден, ќерката Епл не ги крие бесот и срамот

Холивудската актерка Гвинет Палтроу сметаше дека е многу погодно да се соблече и да позира пред милиони по повод нејзиниот 48-ми роденден без ниту едно парче облека на себе. Такво нешто пријатно изненади многумина, но не и нејзината ќерка тинејџерка

По повод нејзиниот 48 роденден, кој го прослави минатиот викенд, познатата актерка, денес претприемачка и сопственичка на брендот за животни стилови Goop, се одлучи на еден многу смел потег. Гвинет Палтроу позираше во градината на својот дом во Калифорнија потполно гола.

Нејзиниот сопруг Бред Фалчук ​​би требало да биде одговорен за фотографијата, а познатата русокоса покажа колку добро изгледа на нејзините години.

https://www.instagram.com/p/CFpqTpXDaKy/?utm_source=ig_web_copy_link

Славеничката ги скри сите стратешки делови внимателно планирајќи ја позата од профилот. Ги покри градите со рацете и малку ги прекрсти нозете. Откако оваа гола фотографија заврши на нејзиниот Инстаграм профил каде ја следат повеќе од седум милиони луѓе, следеа бројни реакции.

Постојат многумина кои го пофалија смелиот потег и изгледот на холивудската sвезда, но имаше и еден корисник на кого ова многу му пречеше.

Станува збор за 16-годишната Епл Мартин, ќерка на познатата актерка и нејзиниот прв сопруг Крис Мартин. Само неколку секунди по објавувањето на фотографијата, Епл остави коментар „МАМА“ што го означи нејзиниот шок и неверување во врска со целата ситуација. Тинејџерката не го криеше својот срам.

https://www.instagram.com/p/CCyiidXDGLx/?utm_source=ig_web_copy_link

Таа доби бројни пофалби за нејзината реакција, а некои ја поддржаа велејќи дека таквата содржина воопшто не е соодветна на социјалните мрежи. Другите умираа од смеа, а ваквата реакција на славната ќерка развесели многумина.

InterServer Web Hosting and VPS