„Friends“ мораа да интервенираат поради Џенифер Анистон: Причината е страшна!

„Водата ѝ стигна до грлото“

Еден од најпопуларните ситкоми на сите времиња, „Пријатели“, во кој 51-годишната Џенифер Анистон ја играше келнерката Рејчел, ѝ помогна на поранешната сопруга на Бред Пит да започне успешна кариера во Холивуд. Иако поминаа 16 години од снимањето на последната епизода од десеттата сезона на „Пријатели“, може да се појават непознати детали од сетот, а најновата е дека колегите на Џенифер мораа да организираат интервенција за време на снимањето, заради нејзиниот порок што им одеше на нерви, пишува cheatsheet.com.

Главната екипа на „Пријатели“ беше неверојатно блиска и приватнo за време на снимањето, толку многу што дури и по цел ден снимање тие излегуваа заедно да се дружат и да се напијат пијалок, а исто така се интервјуираа додека гостуваа во ток-шоу и глумеа во соло-проекти. Сепак, една маана што Џенифер ја имаше „им ги креваше нервите“ на колегите. Џен редовно и постојано доцнеше на снимање, па нејзините колеги решија да направат заедничка интервенција каде ја соочија со нејзиниот проблем и ја повикаа да стори нешто во врска со тоа.

Тоа беше нејзиното момче во серијата, актерот Дејвид Швимер „Рос“, кој иницираше групен разговор со Џенифер, а Лиза Кудроу, „Фиби“, наводно, ѝ рекла: „Навистина немаш среќа кога станува збор за работа“. Што друго ѝ рекле на интервенцијата, не е познато, но очигледно делувало. Потоа, Џенифер започна да доаѓа редовно на работа. Да потсетиме, „Пријатели“ се емитуваше од 1994 до 2004 година, а во текот на десет сезони тие станаа глобален феномен, па репризите продолжуваат да се емитуваат на телевизија и да држат висок рејтинг.

InterServer Web Hosting and VPS