Јанакиески да биде ослободен од обвинение за случајот „Насилство во Центар“, бараат адвокатите

Миле Јанакиески, обвинет во случајот “Насилство во Центар” да биде ослободен од обвинение. На денешното рочиште каде одбраната ги изнесува завршните зборови, неговиот адвокат Димитар Дангов рече дека неговиот клиент треба да добие ослободителна пресуда.

Дангов побара ОЈО да го повлече обвинението пред судот да донесе ослободителна пресуда бидејќи делото за кое е обвинет Миле Јанакиески не е кривично дело според Законот.

Во обвинителниот акт, според адвокатот нема ниту еден доказ за тоа дека Јанакиески сторил некакво кривично дело.

Анализирајќи го обвинителниот акт, адвокатот Дангов рече дека обвинителството со ниту еден свој чекор и постапка не докажало вина за обвинетиот негов клиент.

Дангов рече ако тоа не го стори обвинителството тогаш судот да донесе ослободителна или одбивателна пресуда.

Дангов нагласи дека иако судот не прифатил да го сослуша владиката Агатангел, неговата изјава дадена за медиумите била да не се урива црквата.

„Дали повикот на Агатангел требаше да содржи молби за одење во црква и со палење свеќи да се очекува да не се промени Деталниот урбанистички план со кој треба да се урне црквата во Центар“, рече во својот завршен збор адвокатот Дангов.

Обвинети во предметот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, Борче Богдановски, Милан Андоновски, Александар Трајковски и уште неколкумина. Според Обвинението, тие се товарат за поттикнување на насилството на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

InterServer Web Hosting and VPS