За овие шестмина нема место во Барселона

Финансиската криза што ја предизвика пандемијата на коронавирусот најмногу од сите клубови ја почувствува Барселона. Клубот веќе го напуштија Артуро Видал, Иван Ракитиќ, Луис Суарез, Карлес Перез, Нелсон Семедо, а до крајот на преодниот рок планот на клубот е да продаде уште шестмина фудбалери. На овој начин Барселона ќе ги заработи пари и ќе го намали буџетот за плати.

„Мундо Депротиво“ го објави списокот на играчите кои до крајот на преодниот рок треба да ја напуштат Барселона.

Прв на листата е Жан-Клер Тодибо, кој минатата сезона беше позајмен во Шалке. Барселона за овој фудбалер бара 25.000.000 евра што е преголема сума за заинтересираните Евертон и Фулам.

Рафиња Алкантара може да замине за 16.000.000 евра колку што изнесува неговата откупна клаузула. Минатата сезона тој беше во Селта, но прашање е дали клубот од Виго ќе ја активира клаузулата за откуп на договорот.

Мартин Брејтвај ќе го напушти клубот во моментот кога во Барселона ќе пристигне нов напаѓач. Засега најмногу се шпекулира со Мемфис Депај од Лион.

Самуел Умтити за кого Барселона пред две години одби 50.000.000 евра има неколку понуди, а најконкретна е онаа од неговиот поранешен клуб Лион.

Жуниор Фирпо и Карлес Алења клубот сака да ги продаде бидејќи нема да добијат доволно минути од тренерот Роналд Куман.

„Сигурно е дека нема сите да заминат, но целта на Барселона е јасна – да заработи пари и да го растовари буџетот“, пишува Мундо Депортиво.

Преодниот рок трае до 5 октомври.

InterServer Web Hosting and VPS