Пирло по „ремито“ во Рим: Чекор назад за Јувентус

После победата над Сампдорија во првото коло, Јувентус во второто коло беше блиску до пораз од Рома. Римскиот тим имаше водство од 2:1, но Јуве со голот на Роналдо успеа да израмни и да освои бод од ова тешко гостување, а во финишот играше и со играч помалку по исклучувањето на Рабио.

Андреа Пирло, тренерот на Јуве, не беше задоволен од играта на својот тим и резултатот од овој меч.

„Игравме со два сосема различни тима на почетокот на сезоната. Знаев дека овој меч ќе биде сосема поразличен од оној против Сампдорија. Ова е чекор назад за Јувентус во играта. Но, работиме напорно, а ова се должи на тоа што немавме подготвителни натпревари пред почетокот на сезоната, и да ги отстраниме овие грешки. Бевме два пати со гол негатива, потоа се случи и исклучувањето на Рабио. Имавме и играчи кои и натаму се прилагодуваат. Да не заборавиме дека Артур покрај тоа што е нов, нема одиграно натпревар последните шест месеци“, рече Пирло.

sportmedia.mk

InterServer Web Hosting and VPS