Специјална Lada Niva развиена во Германија

Пред неколку месеци AvtoVAZ потврди дека Lada се повлекува од европскиот пазар, вклучувајќи ја тука и Германија. Токму и фановите на рускиот бренд во Германија покажаа најголемо разочарување за оваа одлука.

Причината за тоа е што Германија е/беше најголемиот национален пазар во Европска Унија за овој бренд, па и покрај скромната продажба, теренците беа доста популарни.

Сега, овие фанови имаат одлична можност да купат специјална Lada Niva развиена од страна на Partisan Motors, компанија со седиште во Магдебург. Станува збор за изведба со која се одбележува 50 годишнината од воведувањето на овој модел.

Ќе бидат произведени само 50 примероци кои ќе бидат опремени со 1.7 литарски атмосферски бензински мотор со 84 КС, а цената по која ќе се продава изнесува 19.900 евра.

InterServer Web Hosting and VPS