Тодориќ одби да изнесе одбрана и да одговара на прашања на Судот во Загреб

Поранешниот сопственик на компанијата Агрокор, Ивица Тодориќ, му се извини на судијата и одби да ја изнесе својата одбрана на денешното рочиште, со образложение дека тоа е неговиот став кон таа судска постапка.

Тодориќ ова го изјави на почетокот на денешното судење пред Советот на окружниот суд во Загреб.

Тодориќ, исто така, одби да одговори на прашањата на Судот, објавија хрватските медиуми.

Ивица Тодориќ е обвинет за стекнување на противправна имотна корист во вредност од повеќе од милијарда куни, како и дека со лажните финансиски извештаи на Агрокор, кои со години биле прикривани од властите, финансиската положба на компанијата ја прикажувал поуспешна од вистинскиот резултат.

Агрокор е најголемата приватна компанија во Хрватска во која се вработени над 31.000 луѓе. Примарна дејност е производство и дистрибуција на храна и пијалаци, како и малопродажба, а некои од најпознатите марки во сопственост на Агрокор се Фриком, Дијамант, ИДЕА, Јамница, ПИК Врбовец, Ледо, Конзум.

InterServer Web Hosting and VPS