Бројката на новодијагностицирани стабилизирана на околу 10 отсто од тестираните

Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.559 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починат е пациент од Скопје на возраст од 79 години. Регистрирани се 94 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 17.483, бројката на оздравени пациенти е 14.516, на починати е 722, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.245. Од вкупниот број активни случаи во Скопје има 650, во Куманово 183, во Тетово 166, во Струмица 147, во Кочани 139, во Прилеп 123, во Гостивар 108…

Досега во земјата се направени вкупно 184.097 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти од кои на кислородна поддршка се 27 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и три мајки позитивни на Ковид-19, едно дете и една мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца пациенти. Вкупно хоспитализирани се 37 пациенти од кои на респиратор се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 166, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје има во Аеродром – 97, Центар – 91, Карпош – 83, Гази Баба – 80, Кисела Вода – 69, Чаир – 62, Ѓорче Петров – 47, Бутел – 29, Илинден – 25, Шуто Оризари – 17, Сарај – 12, Студеничани – 8, Петровец – 7, Арачиново – 5, Чучер Сандево – 5, Сопиште – 3, Зелениково – 2, осум се странци, а еден е нераспределен.

InterServer Web Hosting and VPS