Озогласената водителка по обвинувањата на вработените објави: Привилегирана сум и имам моќ

Познатата телевизиска водителка и комичарка Елен Деџенерис се соочи со голем број обвинувања, упатени кон неа од нејзините поранешни вработени во последните месеци. Многумина ја карактеризираа како шеф од пеколот кој ги навредуваше и се однесуваше кон нејзините вработени без почит и им даваше откази за најмала грешка. Таа се однесувала слично на персоналот во нејзиниот дом и малкумина би издржале повеќе од неколку недели во такви работни услови и околина. Елен повторно се појави на малите екрани бидејќи штотуку ја започна 18-тата сезона од своето ток-шоу и уште на почетокот рече:

Елен Деџенерис најави промени во писмо испратено до вработените - Нова  Македонија

„Добредојдовте во 18-тата сезона на шоуто Елен Деџенерис. Ако го гледате ова затоа што ме сакате, ви благодарам, и ако гледате затоа што не ме сакате, добредојдовте. Среќна сум што повторно сум во студиото затоа што имам многу да кажам“ – рече Елен и веднаш погледна наназад на обвинувањата со кои се соочуваше последните месеци. – „Сакам да им се извинам на сите што беа повредени од оваа ситуација. Знам дека сум привилегирана и дека имам моќ и дека овие две работи ги следи голема одговорност. Прифаќам целосна одговорност за она што се случува во мојата емисија“. – рече Елен.

Таа додаде дека свртува нова страница и дека направила се за да ги подобри условите за работа и атмосферата и се надева дека ситуацијата ќе биде подобра. „Ако изневерам некого или го повредам, многу ми е жал за тоа“, рече конечно Елен.

InterServer Web Hosting and VPS