Во Крива Паланка неделава изречени 83 казни за неносење маска

На подрачјето на Општина Крива Паланка од почетокот на неделава, од 20 септември до утринава регистрирани се 83 прекршоци за неносење заштитна маска. Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека во изминатиот период контролите по однос на оваа мерка се зачестени.

Во периодот од седум часот на 20 септември до седум часот на утрово,  на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка регистрирани се 83 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, додека на подрачјето на Полициската станица Кратово во истиот период регистрирани се 45 прекршоци во однос на истата мерка, информираат од одделот за комуникација со јавност при СВР Куманово.

Инаку, во однос на состојбата со Ковид-19 на подрачјето на општина Крива Паланка, по подолго време, два дена не се регистрирани новозаболени лица од вирусот, додека Институтот за јавно здравје денес регистрира и едно излекувано лице од Ковид-19 во Општина Кратово.

InterServer Web Hosting and VPS