Ѓока: Задоволен сум, на моменти бевме и подобри од Тотенхем

Тренерот на Шкендија, Ѓока, по натпреварот против Тотенхем, кој го загубија со 1:3, истакна дека е горд на постигнатото и дека одиграле според планираното.

Шкендија успеа да дојде до 1:1 во натпреварот, но подоцна Тотенхем лесно го реши натпреварот во своја полза и да се пласира во следната фаза.

„Горд сум на моите момци и покрај елиминацијата, одигравме добар натпревар, а на моменти бевме и подобри од нив. Не е лесно да се победи тим како Тотенхем, имавме шанси за реалција, постигнавме еден гол, се на се, задоволен сум од играчите“, истакна Ѓока.

Овде завршува европскиот пат на Шкендија, но сепак се прости достојно од еден еминентен европски клуб со пристоен пораз.

InterServer Web Hosting and VPS