Протест на семејствата на лица од БиХ кои се уште се во Сирија, министерот вети нивно враќање

Во Сараево денеска се одржа мирен протест на семејствата на жени и деца сместени во кампови во Сирија, каде заминале за да се придружат на радикални исламисти, а нивните претставници одржааа средба со министерот за безбедност на БиХ, Селмо Цикотиќ.

Семејствата на присутнитена протестот се наоѓаат во камповите Ал-Хол и Ал-Рој во Сирија и сакаат да го свртат вниманието на државните органи кон нивното враќање во Босна и Херцеговина, бидејќи условите во кои престојуваат се многу лоши, а информации за нивно можно враќање нема.

Во бегалските кампови во Сирија се уште има стотина граѓани на Босна и Херцеговина, а министерот за безбедност на БиХ, Селмо Цикотиќ, денеска потврди дека ќе бидат вратени во нивната земја на потекло. Цикотиќ го објави ова по состанокот во Сараево со некои од членовите на семејството на босански државјани кои претходно заминале во Сирија да им се придружат на радикалните исламисти, соопшти Министерството за безбедност на БиХ.

Пред состанокот, членовите на семејството протестираа пред седиштето на Парламентот во БиХ за да потсетат на претходните барања државата да помогне во решавањето на статусот на нивните роднини кои живеат во екстремно тешки услови.

Граѓаните на БиХ кои се најдоа во Сирија за време на поразот на терористичката „Исламска држава“ се сместени во камповите Ал-Хол и Ал-Рој, а според достапните податоци, сега таму има најмалку 70 деца и 29 жени.

– Министерството за безбедност на БиХ, во согласност со своите овластувања, прави се што е можно за да се обезбедат сите потребни услови за враќање и прием на граѓаните на БиХ од Сирија, особено на жени и деца, што е можно поскоро, рече Цикотиќ.

Враќањето на државјаните на БиХ заробени во Сирија и Ирак започна во декември 2019 година во соработка со американските власти, со седуммина кои се процесуирани, вратени се и шест жени и 11 деца, но целата операција беше запрена порсдфи пандемијата со новиот коронавирус.

InterServer Web Hosting and VPS