Атлетико не прифатил добра понуда од Сити за трансфер на Хименез

Претседателот на шпанскиот Атлетико Мадрид, Енрике Сересо ја потврди информацијата од пред десетина дена дека англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити доставил добра понуда од 85 милиони евра за дефанзивецот Хозе Хименез. Сепак, таа била одбиена.

– Да, добивме таква понуда, но Хименез е исклучителен играч и ние сакаме да имаме такви исклучителни играчи во нашиот тим, изјави Сересо за „Ел Транзистор”.

При оваа опција, на англискиот клуб му останува можноста да ја активира откупната клаузула на Уругваецот, која изнесува 120 милиони евра.

Трансфер периодот во големите европски шампионати се затвора на 5 октомври.

InterServer Web Hosting and VPS