Корона во 25 белградски училишта, заразени 28 ученици

Од почетокот на учебната година, во вкупно 25 белградски училишта пријавени се случаи на инфекција со коронавирус, а вкупно 28 ученици се заразени, покажуваат податоците на Заводот за здравје во Белград.

Вирусот, како што соопштиле од оваа институција за „Нова.рс“, се појавил во 20 основни и пет средни училишта.

Вкупно 28 ученици беа заразени во Белград, од кои петмина беа од средно училиште.

Вирусот е исто така потврден кај четири лица вработени во училиштата.

InterServer Web Hosting and VPS