Рајан Рејнолдс за 2.000 000 долари го спасува фудбалскиот клуб кој 9 години е во сопственост на навивачите

Рајан Рејнолдс (43) е заинтересиран за купување на фудбалскиот клуб Врексам АФЦ, а како што оди приказната, тој веќе имаше состанок на кој беа наведени деталите.

Се зборува за бројка од два милиони долари, кои актерот треба да ги плати за да стане сопственик на споменатиот клуб, кој не е во завидна ситуација. Овој тим од истоимениот град во Велс постои од 1864 година и е трет најстар професионален фудбалски клуб во светот. Клубот е во сопственост на навивачи од 2011 година, а во моментов тие немаат пофални резултати – тие се натпреваруваат во петтиот ранг на англискиот фудбал.

InterServer Web Hosting and VPS