ЛЕГЕНДАТА ЗА СИНАТА ПЕПЕРУТКА: Ова е сè што треба да знаете за животот!

Постои една источна легенда за маж кој ја изгубил сопругата, но му останале две мали ќерки. Девојките биле многу љубопитни, интелигентни и секогаш желни за знаење. Тие постојано го изненадувале својот татко со разни прашања. Понекогаш ја споделувал својата мудрост со нив, но честопати му било многу тешко да го најде вистинскиот одговор на нивните прашања.

Гледајќи ги немирите меѓу девојчињата, таткото решил да ги испрати кај мудрецот кои живеел на врвот на ридот. Мудрецот без двоумење одговарал на скоро сите прашања на сестрите. За да видат дали е навистина толку мудар како што се преправаше, децата решија да му постават стапица.

Една ноќ девојките смислија подмолен план: да му постават на мудрецот прашање на кое тој нема да има одговор: “Како можеме да надмудриме мудрец? Што можеме да го прашаме без тој да има одговор на тоа прашање?” – ја праша помладата сестра постарата. „Чекај тука, ќе ти покажам сега“, рече постарата сестра. Таа отиде во шумата и се врати еден час подоцна држејќи чанта во која криеше нешто. „Што има внатре? Постарата девојка ја стави раката во чантата и извади прекрасна сина пеперутка. “Колку е убава! Што ќе правиме со неа?”

“Таа ќе ни помогне да го спроведеме нашиот план. Ќе стигнеме до мудрецот и ќе ја сокријам пеперутката во раката. Ќе го прашам дали оваа пеперутка е сè уште жива. Ако ми одговори дека е жива, ќе ја стиснам тупаницата и ќе ја убијам. Ако рече дека е мртва ќе го пуштам. Па така, неговиот одговор ќе биде погрешен “. Девојките го бараа мудрецот. „Мудар старец, можеш ли да ни кажеш дали оваа пеперутка, во мојата рака, е сè уште жива? Старецот се насмевна и рече: “Од вас зависи. Неговата судбина е во ваши раце”.

Нашата сегашност и иднина зависи само од нас. Кога нешто ќе тргне наопаку во нашите животи, не треба да обвинуваме други луѓе. Сината пеперутка е нашиот живот. Ние сами одлучуваме што ќе се случи со него.

InterServer Web Hosting and VPS