iPad Pro ќе биде првиот уред на Apple со mini-LED дисплеј

Apple веќе некое време работи на mini-LED дисплеи, а сега аналитичарот Минг-Чи Куо истакнува дека не очекуваат вкупно шест производи во раков тип на екрани, од iPad до Mac модели. Според неговите сознанија, првиот уред на компанијата со новата технологија ќе биде iPad Pro.

Новиот извештај што го објави Куо, споменува дека Apple ќе го забрза имплементирањето на mini-LED панели, поради тоа што моментните тестови даваат подобри резултати од очекуваното. Ова најмногу се должи на новиот снабдувач – Sanan Optoelectronics. Како резултат на тоа, веќе до крајот на годината би можеле да го видиме првиот 12,9-инчен iPad Pro со mini-LED екран.

Epistar ќе остане главен снабдувач на mini-LED панели за Apple, но на компанијата од Купертино и се потребни снабдувачи за да се подмират првобитните потреби.

Моментно, производителите на mini-LED панели се во фаза на „технолошки развој“, а Куо верува дека во текот на 2021. година, цената на производство на mini-LED ќе порасне за околу 50 проценти, по што во 2022. година ќе следува уште еден пад на цената од 35 проценти.

Масовното производство на mini-LED дисплеи ќе почне во четвртото тримесечје оваа година, а иницијалната нарачка изнесува помеѓу 300.000 и 400.000 панели.

InterServer Web Hosting and VPS