Во Финска состојбата со коронавирусот се влошува, половина од новозаболените на возраст под 30 години

Финските власти предупредуваат дека пандемијата на Ковид-19 брзо се шири во земјата и дека се движи во „алармантна“ насока.

14-дневниот кумулативен број на случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во Финска остана меѓу најниските во Европа со 15,5, покажаа податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Но, финските власти соопштија дека е загрижувачко што бројот на нови случаи во последните две недели е двојно зголемен на 798, од 387 во претходните две недели.

Министерството за социјална заштита и здравство соопшти дека може да се забележат неколку знаци на обнова на епидемијата во земјата.

„Зголемувањето на стапката на инциденција, зголемувањето на процентот на позитивни случаи кај сите примероци, зголемените тешкотии во пронаоѓањето изворот на инфекција и синџирите на инфекции стануваат сè почести, сите предвидуваат премин во фаза на забрзување на епидемијата“, се вели во соопштението.

Околу 50% од новите случаи се откриени кај оние под 30 години, додаде министерството.

InterServer Web Hosting and VPS