Јужна Кореја тврди дека Северна Кореја им убила исчезнат функционер

Функционер на јужнокорејско министерство, кој исчезнал во понеделникот, го убила Северна Кореја, соопшти денес министерството за одбрана во Сеул, а пренесува државната агенција Јонхап.„Северна Кореја го нашла мажот во своите води и извршила брутален чин, пукала во него и го запалиле неговото тело“, се наведува во соопштението на јужнокорејското министерство.

Јужнокорејската војска јавила денес дека функционерот бил застрелан, а дека потоа неговото тело било полеано со масло и запалено, веројатно во обид да се спречи ширење на коронавирусот.

„Нашата војска силно го осудува таквиот брутален чин и ја повикува Северна Кореја да пружи објаснување и да ги казни одговорните“, се наведува во соопштението. „Ја повикуваме Северна Кореја и да преземе целосна одговорност за тој инцидент“.

Функционерот на јужнокорејското министерство за океани и риболов, 47-годишен маж, исчезнал од чамецот за време на инспекциска обиколка околу 10 километри јужно од морската граница на Северна и Јужна Кореја, наведува јужнокорејското министерство за одбрана. Јужнокорејската војска тврди дека доказите упатуваат дека најверојатно се обидел да пребегне на Северот.

Јужна Кореја почнала потрага по него во која учествувале бродови и авиони.

Точната причина зошто било пукано во 47-годишниот функционер не е позната, но се чини дека севернокорејските војници дејствувале по наредба во рамки на мерките против ширењето на коронавирусот, соопшти владата во Сеул.

Американски воен командант во Јужна Кореја кажа месецов дека севернокорејските војници добиле наредба да пукаат за да го убијат секој кој ќе се обиде да влезе во земјата, за да спречат влегување на коронавирусот во земјата.

InterServer Web Hosting and VPS