Ново жариште на Ковид-19 во Швајцарија – студенти ставени во карантин

Здравствените власти во Швајцарија одредија карантин за 2.500 студенти од престижниот факултет за хотелиерство во Лозана.

Оваа мерка е донесена поради појава на голем број жаришта на коронавирус.

Според соопштението на надлежните во швајцарскиот кантон Во, мерката карантин се однесува на сите студенти од основните студии на тој универзитет.

Се смета дека до ширење на заразата дошло за време на организирање на една или повеќе забави надвор од универзитетскиот комплекс и тоа најверојатно овој месец пред да бидат воведени нови противепидемиолошки мерки во тој кантон.

Позитивни на тестот за коронавирус биле 11 студенти, но ниеден од нив не е во болница.

Како што наведува АП, универзитетот, кој вкупно има околу 3.500 студенти, ги презема сите неопходни мерки наставата да биде продолжена преку интернет.

InterServer Web Hosting and VPS