На заминување од Барселона, Мундо Депортиво му даде нов прекар на „Ел Пистолеро“

Барселона и дефинитивно се раздели со популарниот „Ел Пистолеро“, играчот кој настапуваше неколку сезони на „Камп Ноу“ и остави сериозна трага.

Тој заминува од Барселона, но останува во Шпанија, се сели во редовите на Атлетико Мадрид, кој со неговото доаѓање, добива уште поголема динамика во нападот, и скоро сигурно квотата на Атлетико за можно освојување на титулата сезонава ќе биде поголема.

На заминување од Барселона, дневниот весник Мундо Депортиво, му посвети посебна прва страница на Луис Суарез, со коментар „Збогум убиецу!“, мислејки во позитивна конотација за сето она што го сработи додека беше член на Барселона.

Неговата статистика е брутална, на 280 натпревари, постигна 199 голови и впиша преку 100 асистенции.

InterServer Web Hosting and VPS