НАТПРЕВАР НА ДЕНОТ: Баерн и Севиља во дуел за трофејот во УЕФА Суперкупот

Денеска во Будимпешта на „Пушкаш арена“ ќе се одигра финалето во Суперкупот на Европа. Европскиот шампион Баерн Минхен против освојувачот на Лига Европа Севиља.

Баерн последен пат го освои Суперкупот во 2013 година додека Севиља во 2006 година. Тоа се и единствените пехари од ова натпреварување на овие два клуба со тоа што „Баварците“ имаат и три изгубени финалиња, додека Севиља четири пати била поразена.

Најуспешни во Суперкупот на Европа се Барселона и Милан со по пет трофеја. Минатата сезона во Истанбул Ливерпул го совлада Челзи на пенали и го освои трофеот во англиското финале.

Да кажеме неколку работи за двете екипи.

Баерн има серија од 30 победи и едно реми и притоа постигна 106 гола што е импресивен ефект, а уште поимпресивно е што е првиот тим кој стигнал до европската титула со сите победи (11 ги имаше на крајот).

Севиља е специјалист во Лигата на Европа (шест пати ја освои во последните 15 години), но не се снаоѓа баш во другите натпреварувања на УЕФА. Да кажеме дека го изгуби претходното соочување со Баерн во четвртфиналето на ЛШ 2017/18 со вкупни 2:1.

Што се однесува до здравствениот билтен кај Баерн во аут се Нианзу и Алаба, а Севиља ги има сите играчи на располагање. Добро за Баерн е што ќе игра Роберт Левандовски, човекот кој минатата сезона ја заврши со 55 голови во 46 натпревари во Бундеслигата, Купот и ЛШ и стана единствениот фудбалер со тројна круна и најдобар стрелец во сите три натпреварувања.

Како ќе биде вечерва? Ние типуваме на победа на Баерн и на многу голови.

МОЖНИ СОСТАВИ

БАЕРН: Ноер – Павар, Зиле, Боатенг, Дејвис – Кимих, Горецка – Гнарби, Милер, Коман – Левандовски

СЕВИЉА: Боно – Навас, Кунде, Карлос, Ескудеро – Ракитиќ, Гудељ, Фернандо – Сусо, де Јонг, Окампос

InterServer Web Hosting and VPS