Кривична пријава за фалсификување на дозвола за движење за време на „полициски час“

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(42) од Скопје, поради постоење „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување исправа“, а во врска со кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“, против Х.Р.(37) од Скопје, поради „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против М.Н.(19) од Скопје, поради „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Првопријавениот С.М., во својство на неовластено лице во правно лице од Скопје, во кое сопственик и управител е второпријавената Х.Р., инаку брачен другар на првопријавениот, во период на постоење на вонредна состојба, забрана и посебен режим на движење на територијата на целата држава, на третопријавениот М.Н. му овозможил непречено движење на територијата на град Скопје и околните општини.

Тој, иако знаел дека не е овластен во правното лице да издава Дозвола за движење на вработени, со својот потпис и со неовластена употреба на вистинскиот печат од правното лице, заверил и издал дозвола за движење на вработен, поради вршење на сменска и ноќна работа, а печатот му бил овозможен да го користи од страна на второпријавената.

Третопријавениот се движел на подрачје на град Скопје, при што на 07.06.2020 бил сопрен и контролиран од полициски службеници, а како доказ дека легално се движи и дека поседува дозвола за движење, на увид им ја приложил дозвола за движење поради вршење на сменска и ноќна работа.

InterServer Web Hosting and VPS