Артета повторно го изостави Озил, па му порача: Тешко е…

Екипата на Арсенал славеше сигурна победа од 2:0 на гостувањето на “Кинг Пауер” кај Лестер во рамките од Карабао купот.

И на оваа средба во тимот на Артета немаше место за Месут Озил кој и покрај тоа што Арсенал настапи со комбиниран состав не доби шанса за настап.

По средбата младиот стратег на Арсенал истакна дека негова работа е да ги избира најдобрите играчи за тимот и изјави дека знае оти им е тешко на Озил и играчите како него.

– Тимот напредува и може да го видите нивото кое го достигнуваме. Сакаме да напредуваме уште повеќе, па мора да продолжиме во оваа насока.

– Се обидувам да ги изберам играчите кои според мене се најдобро подготвени во даден момент, може да видите дека често менуваме.

– Може да видите дека е тешко за Месут и играчите како него, но секоја недела јас ги избирам само најдобрите, -изјави Артета.

InterServer Web Hosting and VPS