Советот на јавни обвинители ќе избира заменик претседател

Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија на денешната втора седница се очекува да донесе одлука за избор на свој заменик претседател, информираат од Советот.

На дневниот ред на седницата на Советот на јавни обвинители се и неколку други точки, меѓу кои и точката за донесување на одлука за објавување на оглас за избор на јавни обвинители во ВЈО Скопје.

Воедно, во следните недели Советот треба да донесе одлука за избор на петте нови јавни обвинители кој ќе бидат дел од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.

InterServer Web Hosting and VPS