Испратените фотографии и видеа во WhatsApp ќе се бришат сами

WhatsApp има во план нова функција што ќе ја зголеми приватноста на кориснциите. Се работи за самоништувачките фотографии и видеа, што значи дека автоматски ќе се бришат откако примателот ќе ги види.

Ова прв го „пријави“ WaBetaInfo, интернет страница специјализирана за откривање новитети во WhatsApp апликацијата. Иако се уште не е достапна за тетстирање (дури ни за Beta корисниците), фајловите пронајдени во пакетите за инсталација на апликацијата сугерираат дека новата функција би требало да пристигне многу брзо.

Фотографиите и видео-снимките кои исчезнуваат, ќе се бришат откако примателот ќе ги отвори и прегледа, а не кога испараќачот тоа ќе го подеси, како што е случај со пораките на Viber.

Претпоставуваме тоа значи дека не само што ќе бидат избришани од четот, туку нема да бидат сочувани ниту на телефонот. Веројатно ќе постои и иконата покрај фотографијата или видеото, што сугерира дека се работи за „исчезнувачки“ пораки, пренесува TechRadar.

Иако се уште не можете сами да ја тестирате оваа функција, за очекување е многу брзо да се најде во Beta верзијата на апликацијата. За жал, за Apple и за Android сите Beta места се веќе пополнети, па би морало прилично да ви се посреќи да го зграбите моментот, кога некој ќе го напушти Beta тестирањето.

InterServer Web Hosting and VPS