Уште еден првотимец на Атлетико Мадрид позитивен на ковид-19!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хозе Хименез е позитивен на коронавирус. Шпанските медиуми објавија дека утринскиот тренинг бил прекинат откако ги дознале неговите резултати.

Неговиот тест бил позитивен, а подоцна фудбалерот бил испратен во самоизолација, како што предвидуваат протоколите на шпанската Влада и Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Уругваецот, наводно, вчера го известил медицинскиот тим на екипата дека има симптоми и поради тоа не тренирал на екипата, по што денешниот тест се покажал како позитивен.

InterServer Web Hosting and VPS