Елен Деџенерис ги злоупотребувала вработените, а сега им се извинува: Водителката за прв пат проговори јавно на оваа тема

Водителката Елен Деџенерис беше обвинета од бројни вработени за малтретирање на работа, а сега, за прв пат, јавно проговори за тоа во нејзината емисија. По бројните осуди, и падот на рејтингот на нејзината емисија, озлогласената Елен им се извини на својата публика и вработените во првото шоу во новата сезона, тврдејќи дека презема целосна одговорност за она што се случило во нејзиното студио зад камерите во текот на изминатите неколку години.

„Како што веројатно знаете, во моето шоу се зборуваше за токсична работна средина во текот на летото. Покрената е и истрага. Научив дека се случиле работи што никогаш не смееле да се случат “, започна Елен, а потоа продолжи: „Го сфатив тоа многу сериозно и многу ми е жал за сите луѓе кои се чувствуваа лошо. Јас сум во позиција на моќ и како таква морам да преземам одговорност за сè што се случи тука “.

InterServer Web Hosting and VPS