Интер има план: Познат начинот на кој ќе се обиде да го доведе Милинковиќ-Савиќ

Италијанска „Газета дело Спорт“ пишува дека Интер би можел да се вклучи во трката за потписот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

„Нераѕурите“ урнаа клупски рекорд со купувањето на Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед, но очигледно тука не сакаат да запрат.

Со евентуалната продажба на Мауро Икарди и Жоао Марио, трошоците би биле покриени, па тие веднаш би можеле да му платат 75 милиони на Лацио, а остатокот би го распределиле во бонуси.

Тоа значи дека Србинот би можел да стане најскапиот фудбалер во историјата на клубот и да го надмине трансферот на Лукаку, чија вкупна вредност е 80 милиони евра.

Репрезентативецот на Србија останува и во плановите на ПСЖ, кој прво мора да ја реши ситуацијата со Нејмар, па потоа можеби ќе се обиде да му ги расипе плановите на Интер.

InterServer Web Hosting and VPS